MKinformer

your daily dose of news

ЗОИ: Неочекуван недостиг во Олимпиското село д‘Ампецо

13/02/2026 22:36

Организаторите на Зимските олимписки игри 2026 во Милано/Кортина се соочија со неочекуван логистички проблем уште во првата натпреварувачка недела, откако во Олимпиското село целосно биле потрошени бесплатните кондоми наменети за спортистите.

Според италијанскиот весник La Stampa, сите 10.000 кондоми што им биле ставени на располагање на спортистите биле потрошени за само три дена. Анонимен спортист изјавил дека организаторите најавиле нова пратка, но засега нема информација кога ќе пристигне.

Практиката на бесплатна дистрибуција на кондоми на Олимписките игри постои уште од Летните олимписки игри 1988 во Сеул, со цел промовирање на безбедни сексуални односи меѓу спортистите. Сепак, бројката во Милано/Кортина – 10.000 кондоми за околу 2.900 спортисти, односно нешто повеќе од три по лице – се покажала како недоволна.

За споредба, на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро биле поделени околу 450.000 кондоми, односно просечно 42 по спортист. Во Летните олимписки игри 2024 во Париз биле обезбедени повеќе од 200.000, додека на Летните олимписки игри 2021 во Токио, и покрај ковид-ограничувањата, биле достапни околу 160.000. На Зимските олимписки игри 2018 биле набавени 110.000 кондоми.

Во споредба со претходните Олимписки игри, бројката во Милано/Кортина е значително помала, што, според медиумите, довело до неочекуван недостиг уште во раната фаза од натпреварувањата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!