Маж бил каснат од питон додека вршел нyжда во тоалетот
05/07/2021 18:07Еден човек во Австрија бил каснат од питон со должина од 1,6 метри за време на раната утринска посета на тоалетот во неговиот дом во понеделникот, соопшти полицијата.
Рептилот, кој веројатно побегнал од станот на соседот, кој го чувал како домашно милениче и се претпоставува дека се провлекол низ канализацијата.
65-годишната жртва „почувствувала„ нешто во пределот на гениталиите непосредно откако седнала во тоалетот дома во Грац нешто после 6 часот наутро, се вели во соопштението на полицијата во провинцијата Стирија
Питонот очигледно избегал незабележано од станот на 24-годишниот сосед на мажот. Не беше веднаш можно да се открие како избегал и како влегол во тоалетот, но полицијата соопшти дека можеби се пробила низ канализацијата.
Експерт за рептили бил повикан да ја извлече змијата, која му била вратена на неговиот сопственик. Полицијата соопшти дека помладиот човек во својот стан, во терариуми и фиоки, чувал 11 неотровни змии и геко. Тој се соочува со истрага под сомнение дека предизвикал телесна повреда од небрежност.
Жртвата се здобила само со полесни повреди, соопшти полицијата.

![Бeз кoмeнтap..: Ceдyм гoдини гo чyвaл тpyпoт нa cвojaтa мajкa зa дa ja дoбивa нejзинaтa пeнзиja policija-francija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/policija-francija1.jpg)




