Од утре зaocтрени мерки во Грција поради зголемувањето на бројот на новозaболени
06/07/2021 17:11Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.
Денешната одлука доаѓа по зголемениот број на нови случаи во Грција и организирањето забави за младите, со оглед на тоа дека, како што рече Хардаљас, просечна возраст на новите случаи е 27 години
Во изминатите 24-часа во Грција беа регистрирани 1.797 нови случаи на Ковид-19.





![Утpoвo cтaпиja на cилa нoвитe мepки вo Грција – eвe штo тpeбa дa знaeтe plaza-grcija-korona-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/plaza-grcija-korona-11.jpg)