Bo Хoнг Koнг cпpeчeни cepиja нaпaди co paчнo изpaбoтeни бoмби – нeкoлкy oд yaпceнитe ce cpeднoшкoлци
06/07/2021 10:22
Девет лица осомничени за терористички активности се уапсени во Хонг Конг, пренесуваат странските агенции.
Акцијата следеше откако е откриен обид за изработка на експлозивни направи и нивно поставување на различни места во градот.
Според локалната полиција, шестмина од уапсените се средношколци. Тие имале цел да „нанесат максимална штета“.
Уапсените се на возраст од 15 до 39 години – петмина мажи и четири жени.





