Еваkyиран бриселскиот аеродром поради coмнителен багаж
08/07/2021 21:14Сомнителен багаж предизвика паника во бриселскиот аеродром. Три терминали на белгискиот национален аеродром во Завентем беа евакуирани попладнето, откако полицијата откри сомнителен багаж.
Белгиските медиуми наведуваат дека аеродромските служби потврдиле дека полицијата открила „сомнителен багаж“ во салата за поаѓање и решила да евакуира поширок параметар на трите терминали.
Медиумите додаваат дека патниците од терминалот биле преместени пред зградата на аеродромот, а службата за отстранување и уништување експлозиви е на пат кон аеродромот.






