ШОК ЗА АВИОКОМПАНИИТЕ: ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА
14/06/2026 21:29
Нови правила за авио-патници во ЕУ: Рачен багаж задолжителен, компензации до 600 евра
Патниците низ Европската Унија наскоро би можеле да добијат значително повеќе права и подобра заштита при патувања со авион, откако земјите членки постигнаа договор за голема реформа на правилата во авио-сообраќајот. Новите прописи носат големи промени – од рачен багаж, преку доцнења на летови, па сè до компензации и правила за семејства со деца.
Рачен багаж задолжителен во цената на билетот
Според договорот, во основната цена на билетот задолжително ќе бидат вклучени:
-
мала лична торба што се сместува под седиштето
-
рачен куфер на тркала
Патниците, сепак, ќе имаат можност да изберат поевтин билет ако се откажат од рачниот багаж.
Бесплатно седење покрај децата и лица со попреченост
Една од најголемите промени се однесува на семејствата и лицата со попреченост. Авиокомпаниите повеќе нема да смеат да наплаќаат дополнително за:
-
седење на родители покрај нивните деца под 14 години
-
лица со попреченост и нивните придружници
Повисоки компензации за доцнење и откажување
Новите правила предвидуваат значително повисоки компензации. Во случај на доцнење од најмалку три часа или откажан лет, патниците ќе имаат право на надоместок од 250 до 600 евра, во зависност од должината на летот.
За подолги релации над 3.500 километри, компензацијата може да достигне и 600 евра, особено ако доцнењето надмине четири часа или летот биде откажан.
Поедноставени процедури и поголема заштита
Реформата носи и:
-
поедноставени процедури за барање обештетување
-
попрецизно дефинирани ситуации во кои авиокомпаниите нема да бидат обврзани да плаќаат компензација
Техничките дефекти на авионите повеќе нема автоматски да се сметаат како оправдан изговор за избегнување на исплата.
Кога стапува во сила?
Новите правила се сметаат за една од најголемите промени во правата на патниците во последните години и треба да стапат во примена по конечното одобрување од Европскиот парламент.






