MKinformer

your daily dose of news

Бразилски сој во соседството: Потврден првиот случај на Гама сојот во БиХ

12/07/2021 19:54

Првиот случај на гама или бразилски вид на коронавирус во БиХ беше потврден во Лабораторијата за молекуларно генетско и форензичко истражување на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево.

Раководителот на лабораторијата, проф. д-р Теуфик Голетиќ за „Аваз“ изјави дека позитивниот на гама сојот е странски државјанин кој престојува во Херцеговина.

Гама-видот на коронавирусот се карактеризира со фактот дека полесно го заобиколува имунитетот што се појавува по вакцинацијата или надминување на инфекцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!