MKinformer

your daily dose of news

30 години од Дејтон: Република Српска празнува МИР, Федерацијата БИХ почеток на војна

22/11/2025 14:20

Република Српска денеска ја одбележува 30 годишнината од парафирањето на Дејтонскиот мировен договор, кој на 21 ноември 1995 година го стави крајот на војната во Босна и Херцеговина. Додека во Република Српска овој ден е празник и неработен ден, во Федерацијата на БиХ тој се третира како обичен работен ден, разлика која, според политичките претставници, ја покажува длабоката неусогласеност околу државните празници.

Српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, истакна дека Република Српска со денешното одбележување ја нагласува својата „цврста посветеност на мирот и стабилноста“, додавајќи дека Дејтон претставува основа за заеднички живот и крај на воениот конфликт, човечките загуби и разурнувањата.

Таа повтори дека БиХ и понатаму нема државен закон за празници, што создава долготрајни несогласувања меѓу двата ентитета и трите конститутивни народи.

Од друга страна, Цвијановиќ посочи дека Федерацијата на БиХ се подготвува да го слави 25 ноември, „Денот на државноста“, кој базира на првото заседание на ЗАВНОБиХ во 1943 година. Република Српска не го признава овој датум како заеднички празник и го смета за дел од „комунистичкото историско наследство“.

Таа оцени и дека во ФБиХ се слави 1 март, денот кој, според нејзините зборови, е поврзан со убиството на српска свадбарка во Сараево во 1992 година, настан што се смета за почеток на војната.

„Овие датуми се обидуваат да се наметнат како државни празници, иако БиХ нема закон што ги регулира“, порача Цвијановиќ, нагласувајќи дека одбележувањето на Дејтон во Република Српска е израз на стремежот кон стабилност, и покрај „интервенциите“ кои, како што истакна, го промениле праксисот на договорот во изминатите три децении.

Пораките Цвијановиќ ги упати преку својот профил на платформата Х. погледнете ТУКА

error: Содржината е заштитена од копирање !!