(Видео) Hoвинapкa oд XPТ кoлaбиpaшe нa cpeд интepвjy
20/07/2021 20:12
Хрватските медиуми пишуваат дека на новинарката најверојатно и се слошило поради топлото време.
Во дневникот на ХРТ на сред разговор со Игор Патернел од партијата Домовински покрет, на репортерката Мирјана Посавац и се слошило и паднала.
Таа известувала во живо од просториите на партијата а пред да падне тешко дишела.
Хрватските медиуми пишуваат дека на новинарката најверојатно и се слошило поради топлото време.
По паѓањето на новинарката режијата ја префрлила сликата во студиото од дневникот.
На крајот од дневникот е потврдено дека Посовац е добро.






