MKinformer

your daily dose of news

Милановиќ ги осуди нападите врз Иран, нареди повлекување на хрватските војници од Ирак и Либан

06/03/2026 21:32

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, ја осуди американско-израелската воена интервенција врз Иран, оценувајќи дека станува збор за еднострана употреба на воена сила која го нарушува меѓународното право и глобалниот поредок.

„Воена интервенција без мандат од Обединетите нации, како што сведочиме денес во Иран, нема да придонесе за решавање на кризата, туку ќе предизвика дополнителна ескалација и долгорочна нестабилност“, изјави Милановиќ.

Тој предупреди дека секоја еднострана употреба на воена сила што го нарушува меѓународното право претставува опасност за светскиот мир и безбедност.

Според Милановиќ, очигледната намера на интервенцијата е промена на власта во Иран, што, како што рече, може да има сериозни и долгорочни последици и за европските граѓани, вклучително и за граѓаните на Хрватска.

„Постои ризик од економска штета поради растот на цените на нафтата и нафтените деривати, можност за нов бран бегалска миграција кон Европа, како и ризик од зголемени терористички закани“, предупреди хрватскиот претседател.

Поради безбедносната состојба на Блискиот Исток, Милановиќ донел одлука за повлекување на хрватските војници од регионот.

Тој наредил повлекување на седум хрватски војници од Ирак и еден војник од Либан.

„Му наредив на началникот на Генералштабот на вооружените сили веднаш да започне активности за нивно повлекување, а ја повикувам и Владата на Хрватска да ги преземе сите неопходни мерки за заштита и евакуација на хрватските граѓани кои се нашле во зоната на воени дејствија“, изјави Милановиќ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!