MKinformer

your daily dose of news

Македонскиот борач Нуров утре настапува на Олимписките игри во токио

05/08/2021 20:50

Македонскиот олимписки состав утре рано наутро ќе го има својот последен претставник на Игрите во Токио во борачот Магомедгаџи Нуров, кој ќе настапи во категоријата 97 килограми слободен стил.

Нуров допатува во Токио со обезбедена олимписка норма, а негов прв противник во квалификациите ќе биде Тунижанецот Мохамед Садуи.

Доколку го совлада Садуи, македонскиот борач во четвртфиналето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Александар Хуштин од Белорусија и Кубанецот Раинерис Перез Салас, а во полуфиналето потенцијален противник може да му биде „рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев, кој ќе се бори со Шариф Шарифов од Азербејџан.

Првата борба на Нуров е закажана за утре наутро со почеток во 4:30 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!