MKinformer

your daily dose of news

Серија земјотреси во Егејското Море

06/08/2021 18:40

Уште еден земјотрес е регистриран денеска во Егејското Море, на околу 33 километри од турскиот град Датца, област Мугла, објави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на турската Дирекција за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот со јачина од 4 степени се случи во 19.01 часот на длабочина од 17,6 километри. Нема информации за штетите предизвикани од земјотресот. Претходно денеска – во 12,16 часот, уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени беше регистриран во таа област.

error: Содржината е заштитена од копирање !!