MKinformer

your daily dose of news

Два последователни земјотреси ја потресоа Србија ноќеска

05/05/2026 7:42

Два последователни земјотреси ноќеска ја потресоа Србија

Првиот потрес со магнитуда 4,1, епицентар западно од Сомбор

Србија ноќеска беше потресена од два последователни земјотреси, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Првиот, посилен потрес беше регистриран во 00:35 часот по UTC (02:35 по локално време) со магнитуда 4,1. Епицентарот се наоѓал на 16 километри западно од Сомбор, на длабочина од 10 километри.

Само десетина минути подоцна, во 00:44 часот по UTC (02:44 по локално време), уследил уште еден земјотрес, овојпат со магнитуда 2,5. Неговиот епицентар бил 13 километри северозападно од Купусина, исто така на длабочина од 10 километри.

Дали се почувствуваа?

Првиот потрес, со магнитуда 4,1, бил доволно силен за да го почувствуваат жителите на Сомбор и околните места. Поради близината со унгарската граница, потресот се почувствувал и во источните делови на Хрватска и јужните делови на Унгарија, вклучувајќи го и градот Печуј, кој се наоѓа на околу 60 километри од епицентарот.

Вториот потрес од 2,5 степени е значително послаб и најверојатно поминал незабележано кај поголемиот дел од населението.

За разлика од разорните катастрофални земјотреси, потресите со магнитуда околу 4 степени вообичаено не предизвикуваат поголеми штети, но можат да предизвикаат страв кај граѓаните, особено кога се случуваат ноќе.

error: Содржината е заштитена од копирање !!