Имаме со што да се гордееме: Македонските ракометни кадетки го освоија шампиoнатот во Литванија
15/08/2021 17:30Македонскиот ракомет освои злато во женска конкурнеција , откако селекцијата до 17 години славеше над Исланд со (26-27) и заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија, со што се обезбеди и место на кадетското Европско првенство.
Иако без селекторот Савевски, кој доби црвен картон на претходната средба и беше суспендиран, нашите ракометарки одиграа борбена и херојска партија, дојдоа до триумф над ривалот по една игра на нерви и најавија дека женскиот македонски ракомет има иднина на која мора да се смета. Оваа генерација е надежна и сигурно има што да покаже и понатаму.
Феноменална партија во финалето имаше Теодора Дукоска со 11 гола од 14 обида, пред Ризоска со седум и Коцева со пет. Младеновска додаде уште три гола.
Кај Исланд, Агустсдотир, Елиасдотир и Торкелсдотир имаа по четири реализации





![Македонија вечерва против Данска на стартот на ЕП: „Ќе се бориме 60 минути“ Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)
