MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Пykaње на фудбалски натпревар: Навивачи го нaпaднaa cyдиjата, тој им извади пиштoл

18/08/2021 21:55

Фудбалот во Хондурас донесе сцена каква ретко се гледа на терените. За да го спаси сопствениот живот, судијата на еден аматерски натпревар мораше да извади пиштол, па дури и да испука еден куршум.

Поради случувањата на теренот, навивачи се обидоа да го линчуваат, но тој изгледа г предвидел сето тоа и имаше подготвен одговор. Кога тие тргнаа кон него, судијата го извади пиштолот од својот шорц и пукна во воздух, а тоа беше доволно насобраната толпа да се разбега, а тој да се одбрани.

Откако стана јасно дека нема да се вратат, судијата го напушти теренот и замина во соблекувална, а според информациите, немало натамошни инциденти.

Извор: Спортклуб
error: Содржината е заштитена од копирање !!