MKinformer

your daily dose of news

(Видео)ИНТЕР ФИНАЛИСТ, ФАНОВИТЕ НА ФУДБАЛОТ УЖИВАА ВО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

07/05/2025 8:26

Интер е првиот финалист на Лига на шампиони откако во спектакуларниот реванш од полуфиналето на својот терен по продолженија ја победи Барселона со 4:3 и така со вкупен резултат од 7:6 се пласира во мечот за титулата на Европа. Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ – Арсенал, кои денеска играат реванш во Париз откако ПСЖ во првиот натпревар во Лондон победи со 1:0.

Реванш натпреварот на каталонскиот и италијанскиот великан, беше вистински трилер со многу пресврти и во ниту еден момент не ги осави фановите рамнодушни.

На Меаца видовме натпревар за кој многумина тврдат дека е еден од најдобрите, ако не и најдобриот во историјата на Лига на шампиони. Прекрасни голови, акции, пресврти, драми, феноменални одбрани на голманите… Сето тоа го видовме на митскиот стадион во Милано.

Домаќинот на Меаца поведе со гол на Лаутаро Мартинез во 21. минута. Во судиското продолжување на првото полувреме Хакан Чалханоглу од пенал зголеми на 2:0. Барселона се врати во 54. минута со гол на Ерик Гарсија, а Дани Олмо во 60. минута израмни на 2:2.

Три минути пред крајот на регуларниот дел Рафиња со ефектен удар во малата мрежа направи пресврт на 2:3 за Барселона, која, тогаш се чинеше, се пласираше во финале. Сепак, стоперот Франческо Ачерби во третата минута од продолжението влезе во противничкиот казнен простор и ефектно под пречката во стил на врвен напаѓач го изедначи разултат и му овозможи на Интер продолженија.

Таму во 99. минута Давиде Фратези по извонредна акција постигна гол за Интер за 4:3. Сепак, не беше готово бидејќи до крајот на второто продолжение голманот на Интер, Јан Зомер со неколку чудасни одбрани ја спаси победата на домаќинот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!