Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оcтaвка
10/09/2021 19:40Министерот за здравство, Венко Филипче, под притисок на јавноста поднесе оставка од министерската функција. Оставката следува по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животите трагично ги загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и две цивилни лица.
„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, пред годинаипол го регистриравме првиот ковид случај во нашата земја, го паметам тој ден, имавме две прес конференции, од оваа иста говорница. Од тој ден до денес, секогаш, пред граѓаните стоев отворено и траспарентно, соопштувајќи ги сите и добри, и лоши вести. Никогаш не бегав од критка, никогаш не остана должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победме пандемијата. Сите одлуки, кои ги донесовме, беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувтсвувам со нивните семејства, Нема зборови што можат да го опишат ниту начин да се надоемсти загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа денеска од морални причини понудив писмена оставка до премиерот, истакна Филипче на прес-конференцијата во Владата
Основното јавно обвинителство во Тетово, во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, како што беше соопштени, презема неопходни мерки и активности за проверка на евентуални пропусти од страна на одговорните лица во однос на почитување на прописите заштита при работа, а меѓу другото, и на прописите од областа на противпожарната заштита.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности ќе отвори предмет по допрен глас за проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава.





