MKinformer

your daily dose of news

По Шведска, и Португалија ги ykинyва сите pecтpиктивни мерки

23/09/2021 19:50

Неодамна Шведска објаи дека ќе бидат укинати сите рестриктивни мерки. Португалија е следната европска земја која ги укинува сите ковид мерки.

Државата ќе ги укине скоро сите преостанати ограничувања за коронавирусот од 1 октомври, и со тоа ќе им овозможи на рестораните и културните институции да примаат максимален број гости. Ова го најави денеска премиерот Антонио Коста.

„Бидејќи исчезнуваат повеќето ограничувачки мерки наметнати со закон, ќе влеземе во фаза врз основа на одговорностите на сите нас“, рече премиерот Коста на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Сепак, вели дека не смееме да заборавиме дека пандемијата не е завршена.

Меѓу ретките мерки против коронавирусот што останаа на сила се задолжителното носење маски во јавниот превоз, на големите настани, во старечките домови, болниците, трговските центри и хипермаркетите. Маски на отворено веќе не се ноат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!