Xаос во Австралија: Над 130.000 луѓе во изолaција поради една вработена зaразена со ковид
23/09/2021 17:00Едно реално шоу во Австралија наиде на бројни критики откако илјадници Австралијци беа ставени во изолација поради инфекција на еден вработен на сетот.
Вработената, за која се вели дека била целосно вакцинирана, сепак се заразила со коронавирус и прекршила голем број строги епидемиолошки мерки што важат во Австралија, бидејќи поради работа посетила бројни места и градови.
Станува збор за 31-годишна жена чиј идентитет не е откриен, која во саботата полетала од Сиднеј за градот Бали, бидејќи за тоа добила дозвола од владата, пишува „Еј-Би-Си њуз“. Потоа, таа изминатиот викенд посетила голем број локации на северот на земјата, а за некои од нив немала дозвола за посета.
Сето ова резултираше со речиси 135.000 луѓе во седумдневна изолација, а таа одлука вчера стапи на сила. Во меѓувреме, Квинсленд ја затвори границата со погодените области.
Тоа предизвика гнев кај граѓаните на социјалните мрежи.






