Наставничка од Марибор добила отkaз, бидејќи одбилa да се тестира или да се ваkцинира пpoтив Ковид-19
25/09/2021 9:56Словенечките власти не се двооумеле многу кога на наставничка во основно училиште во Марибор експресно ѝ било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинира против Ковид-19. Ова е прв случај откако владата ги заостри ковид-мерки поради ширењето на вирусот, пишуваат словенечките медиуми.
На наставничката ѝ била одредена привремена забрана за работа од почетокот на учебната година бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование, а сега добила и отказ.
Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.
Според извештаите на медиумите, наставничката била активна во групата против вакцинација, која неодамна провали во редакцијата, барајќи прекин на „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедуваше родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“, пренесе Хина.
Директорката на училиштето, Катја Прегл, за мариборскиот весник „Вечер“ изјави дека е наставничката е отпуштена поради кршење на работните обврски, со оглед на тоа што одбила да носи маска во затворени простории и не ги исполнува таканаречените услови за „PCT“ (прележани, вакцинирани, тестирани) што се валидни за вработените во училиштето да можат да работат.
Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар изјави денеска дека условот за „PCT“ поставен од владата со ограничувања веќе „дава резултати“ бидејќи бројот на новозаразени лица стагнира во последните денови.





![Утpoвo cтaпиja на cилa нoвитe мepки вo Грција – eвe штo тpeбa дa знaeтe plaza-grcija-korona-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/plaza-grcija-korona-11.jpg)