Стојоски го собори македонскиот рекорд на Исмаил Мачев стар 35 години
21/02/2022 19:15Македонскиот атлетичар Јован Стојоски урна 35 години стар македонски рекорд на 400 метри во сала, откако за 31 стотинка го подобри националниот рекорд кој досега го држеше легендарниот Исмаил Мачев.
Стојоски на митингот во Будимпешта ја истрча делницата на 400 метри во сала за 47,18 секунди, кој бил вреден 1.096 бодови, а досегашниот рекорд на Мачев на истата делница изнесуваше 47,49 секунди.
Мачев пред 35 години исто така досегашниот македонски рекорд на 400 метри го имаше поставено во унгарската престолнина.
Стојоски на крајот на декември лани на новогодишен митинг во Белград, исто така во сала, постави нов македонски рекорд на 200 метри.





