MKinformer

your daily dose of news

ЈИРГЕН КЛОП ГИ ПОФАЛИ ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ, НО ТИПУВА НА ШПАНИЈА

04/07/2024 13:06

Јирген Клоп пред четвртфиналната рунда на Европското првенство (ЕП) го избра својот фаворит за освојување на титулата. Клоп ужива на Мајорка со неговата сопруга, а во разговор со новинарите кажа дека најголеми шанси за пехарот има Шпанија, иако добри настапи има и Германија.

„Цел живот сонував куќа на југот. Ја сакам климата и луѓето. Многу работи ми се убави тука.

Што мислам за ЕП?

Германије е добра, Франција е добра, Англија ќе биде подобра, но мислам дека Шпанија ќе го освои трофејот“, кажа Клоп.

Германија и Шпанија ќе се соочат на 5 јули во Штутгарт, а во останатите средби ќе се соочат Франција и Португалија, Англија и Швајцарија, односно Холандија и Турција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!