MKinformer

your daily dose of news

АТЕНТАТОТ ВРЗ СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО ПРЕКВАЛИФИКУВАН ВО ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН

04/07/2024 11:02

Обидот за убиство на премиерот на Словачка Роберт Фицо е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, рече Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!