MKinformer

your daily dose of news

ТРАМП СМЕТА ДЕКА БАЈДЕН НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА

09/07/2024 7:04

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека очекува американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците на Демократската партија да се повлече и да го замени со помлад кандидат.

Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече поради „неговото его“.

„Демократите го покриваат Бајден, но станува се потешко и потешко да се направи тоа. Тој сè уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

error: Содржината е заштитена од копирање !!