РЕПУБЛИКАНЦИТЕ БАРААТ БАЈДЕН ДА СЕ ПОВЕЧЕ И ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА, НЕ САМО ОД КАНДИДАТУРАТА
22/07/2024 11:53Многу републиканци го повикаа претседателот Џо Бајден брзо да поднесе оставка и да ја напушти Белата куќа по неговата најава во неделата дека ќе се повлече од претседателската трка во 2024 година.

Републиканските лидери рекоа дека одлуката на Бајден да се повлече го потврди нивниот став дека тој не бил во когнитивна форма за да служи како претседател – прашање што го мачи секој симпатизер и поддржувач на демократите од неговата катастрофална дебата минатиот месец.
„Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тој не е способен да ја извршува функцијата претседател. Тој мора веднаш да поднесе оставка од функцијата. 5 ноември е далеку“, рече претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, најмоќниот републиканец во Конгресот, мислејќи на денот на изборите.
Бајден, објавувајќи дека се откажува, рече дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во јануари. Белата куќа неколку часа подоцна во неделата потврди дека нема да поднесе оставка, наведувајќи:
„Џо Бајден со нетрпение очекува да го заврши својот мандат и да донесе повеќе историски резултати за американскиот народ“.
Водечките републиканци беа со слични повици за оставка во текот на неделата попладне, бидејќи тие исто така упатија нови напади врз потпретседателката Камала Харис, на кого Бајден и дадае поддршка да ја породолжи претседателската трка како кандидат на демократите.
Претставничката на Њујорк, Елис Стефаник, претседавач со републиканската конференција, ја даде речиси истата изјава како и г-дин Џонсон за способноста на Бајден да ги исполни своите претседателски должности.
Слично ја затвори и својата изјава: „Тој мора веднаш да поднесе оставка“.





