РЕАЛ МАДРИД ЈА ЗАКАЖА ПРОМОЦИЈАТА НА МБАПЕ, ЕВЕ КОГА ФРАНЦУЗИНОТ И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕН НА МАДРИТСКИОТ ГИГАНТ
11/07/2024 7:27Реал Мадрид во вторник на 16 јули официјално ќе ја претстави својата нова ѕвезда Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, соопшти денеска мадридскиот клуб.

„Пред тоа, претседателот Флорентино Перез ќе биде домаќин на Мбапе, кој и формално ќе потпише петгодишен договор. На крајот од презентацијата Мбапе ќе одговара на прашања на новинарите“, се вели во соопштението.
Мбапе ова лето се пресели во Реал по шестгодишен престој во ПСЖ како слободен агент.





