Лигата на шампионите 2025/26: извлечени двојките, дерби дуели уште во првата фаза
29/08/2025 7:29
Вчера во Монако беше одржана ждрепката за главната фаза во Лигата на шампионите 2025/26, сезона во која ПСЖ ќе ја брани титулата европски првак. Натпреварите започнуваат на 16 и 17 септември, а веќе првата фаза носи вистински блокбастери.
👉 Најголеми дербија од ждрепката:
-
Ливерпул ќе се соочи со двата мадридски клуба – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но и со Интер.
-
Реал Мадрид доби група со Манчестер Сити, Јувентус и Ливерпул.
-
Барселона ќе игра против Челзи и ПСЖ.
-
Арсенал ќе ги одмери силите со Интер, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
📌 Противници на клубови од 1. шешир:
-
ПСЖ: Баерн, Барселона, Аталанта, Леверкузен, Тотенхем, Спортинг, Њукасл, Атлетик Билбао
-
Реал Мадрид: Манчестер Сити, Ливерпул, Јувентус, Бенфика, Олимпијакос, Каират, Монако, Марсеј
-
Манчестер Сити: Реал Мадрид, Дортмунд, Леверкузен, Виљареал, Наполи, Бодо/Глимт, Галатасарај, Монако
-
Баерн Минхен: Челзи, ПСЖ, Клуб Бриж, Арсенал, Спортинг, ПСВ, Унион СЖ, Пафос
-
Ливерпул: Реал Мадрид, Интер, Атлетико Мадрид, Галатасарај, Ајнтрахт, Карабаг, ПСВ, Марсеј
-
Интер: Ливерпул, Дортмунд, Арсенал, Атлетико Мадрид, Славија Прага, Ајакс, Каират, Унион СЖ
-
Челзи: Баерн, Барселона, Бенфика, Аталанта, Ајакс, Наполи, Пафос, Карабаг
-
Борусија Дортмунд: Интер, Манчестер Сити, Виљареал, Јувентус, Бодо/Глимт, Тотенхем, Атлетик Билбао, Копенхаген
-
Барселона: Челзи, ПСЖ, Франкфурт, Клуб Бриж, Олимпијакос, Славија Прага, Копенхаген, Њукасл
📌 Најинтересни двојки од 2., 3. и 4. шешир:
-
Арсенал: Баерн, Интер, Атлетико
-
Атлетико Мадрид: Ливерпул, Интер, Франкфурт
-
Бенфика: Реал Мадрид, Челзи, Јувентус
-
Тотенхем: ПСЖ, Дортмунд, Ајнтрахт
-
ПСВ: Ливерпул, Баерн, Атлетико
-
Ајакс: Интер, Челзи, Виљареал
-
Наполи: Манчестер Сити, Челзи, Франкфурт
-
Галатасарај: Ливерпул, Манчестер Сити, Атлетико
-
Њукасл: Барселона, ПСЖ, Бенфика
Ждрепката донесе „групи на смртта“, со класични европски гиганти, но и возбудливи шанси за аутсајдерите од 4. шешир како Карабаг, Пафос и Каират да изненадат против фаворитите.
Сезоната ветува спектакуларни мечеви уште од самиот старт.




