МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖЕН ЗА СПОРТСКИОТ РАЗВОЈ ВО МИЛАН, КОЈ Е ЈОВАН КИРОВСКИ
12/07/2024 12:18Јован Кировски е Aмериканец со македнско потекло кој патем е освојувач на Лигата на Шампиони со тимот на Борусија Дортмунд во 1997 година.

Кировски недоамна беше назначен од Златан Ибрахимовиќ, чија официјална улога беше „виш советник“, но Кировски и официјално е именуван за директор за развој на спортот во Милан.
Двајцата работеа заедно во ЛА Галакси и изградија силна врска поради нивното балканско потекло. И двајцата нивни родители ја напуштиле поранешната земја Југославија во 70-тите години, македонските родители на Кировски дошле во САД, додека таткото на Златан и мајката Хрватка се преселиле во Шведска.

Кировски одигра 62 натпревари за УСМНТ, дебитирајќи под водство на поранешниот тренер Бора Милутиновиќ, уште една личност со балканско потекло кој пак е Србин.
Кировски беше технички директор во ЛА Галакси 10 години пред да замине на крајот на минатата година.





