MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)МАКЕДОНКА ЗАГИНА КАЈ ЛЕСКОВАЦ, ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ОД КОИ ДВЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 2 И 4 ГОДИНИ

19/07/2024 10:25

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот над Предејане, на влезот во Грделичката клисура на лице место починала млада жена, а четири лица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 4 години.

Несреќата се случила откаков возачот изгубил контрола над возилото и силно удрил во насипот. Според очевидци, станува збор за семејство од Северна Македонија, кое се враќало дома по одморот во Словенија.


Една екипа на Итна помош од Здравствениот дом Лесковац и друга од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница, пишуваат српските медиуми.

error: Содржината е заштитена од копирање !!