Две деца и жена загинаа во Словенија: Петчлено македонско семејство се враќало од одмор кон Италија
28/08/2026 12:16
Две деца и жена загинаа во тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи во Словенија.
Според истите информации, станува збор за петчлено семејство македонски иселеници кое живеело во Италија.
Тие наводно потекнувале од Центар Жупа и се враќале кон Италија по летниот одмор.
Загинале две деца и повозрасна жена
Неофицијално, во автомобилот биле родителите, нивните две деца и едно повозрасно женско лице.
Во несреќата животот го загубиле двете деца, родени во 2014 и 2021 година.
Починала и жена родена во 1952 година.
Родителите биле повредени.
Овие детали засега не се официјално потврдени од надлежните институции.
Автомобилот удрил во приколка на запрен камион
Според првичните сознанија на словенечката полиција, камион поради дефект бил запрен во ниша покрај автопатот.
Од засега непознати причини, автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.
Трите лица починале на местото на несреќата.
Тројца Македонци загинаа во Словенија: Автомобил со пет лица удрил во запрен камион
Родителите се повредени
Едно од двете повредени лица со медицински хеликоптер било пренесено во болница.
Повредениот возач бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош.
Засега нема дополнителни информации за нивната здравствена состојба.
Словенечките надлежни служби продолжуваат со истрагата за да ги утврдат причините за трагедијата.
Според првичните и неофицијални информации, две деца и жена загинаа, додека родителите од петчленото македонско семејство се повредени.






