MKinformer

your daily dose of news

СЕ СЛУЧУВА И ВО ФРАНЦИЈА: ЈУЖНА КОРЕЈА ПО ГРЕШКА ПРЕТСТАВЕНА КАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА

27/07/2024 9:29

Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах поради гафот за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

За време на претставувањето на државите учесници на Олимписките Игри во Парис, Јужна Кореја беше погрешно претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите.

– Побаравме и од МНР да испрати протестна нота до Франција – се наведува во соопштението на јужнокорејското министерство, како што пренесува агенцијата Јонхап.

Меѓународниот олимписки комитет експресно се извини на учесниците од Јужна Кореја и на целокупната нација:
„Би сакале да понудиме длабоко извинување поради грешката што се случи при претставувањето на јужнокорејската делегација за време на церемонијата на отворањето“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!