ПРЕМИЕРОТ НА СРБИЈА Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА
29/07/2024 11:46
Корона вирусот и натаму демне, следен на листата државни предводници по американскиот претседател Џо Бајден е Премиерот на Република Србија. Милош Вучевиќ.
Милош Вучевиќ е позитивен на корона вирусот, поради што се откажани сите средби и посети планирани за следните неколку дена, соопшти денес Владата на Србија.
Според соопштението, Вучевиќ е на домашно лекување, користи медицинска терапија и се чувствува добро.
Сите обврски ќе ги извршува од дома, се додава.





