ХОРОР ВО БЕЛГРАД: ГО КИДНАПИРАЛЕ И МАЧЕЛЕ ВО СТАН, ПОБЕГНАЛ И ПАДНАЛ ОД 27 СПРАТ
30/07/2024 11:38
Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага против четворица осомничени за незаконско лишување од слобода на Б.Б. од 25 до 26 јули 2024 година, што го извршиле на брутален начин, поради што Б.Б истиот ден починал, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата се сомнева дека четворицата киднапери го малтретирале белграѓанецот прво во викендица на Фрушка гора, а потоа во стан на Коњарник во Белград, каде што го врзале за радијатор и го тепале со раце и нозе по главата и телото. Во еден момент мажот успеал да се ослободи, а потоа преку терасата се обидел да побегне од станот на 27 кат, а при бегството паднал на бетонот пред зградата и починал на лице место.
После тоа, осомничените еден по еден го напуштале станот, собирајќи го ѓубрето, отпушоците и пластични врвки кои ги користеле при противправното лишување од слобода на жртвата.
Еден од осомничените е уапсен, додека другите тројца се во бегство.

![НАСИЛА ЈА ОДНЕЛ ВО ВИКЕНДИЦА, ЈА ТЕПАЛ СО ШАМАРИ, КЛОЦИ И ТУПАНИЦИ, СЕГА Е ВО БЕГСТВО semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)


