MKinformer

your daily dose of news

Камен пијан со гасен пиштол се обидел да ограби угостителски објект, се степал со келнерот па побегнал

04/06/2026 10:12

Тетовската полиција привела 22-годишен тетовец кој, според МВР, под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект во градот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 16:00 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово.

Кај него бил пронајден гасен пиштол

При преглед кај него бил пронајден и одземен гасен пиштол. По извршеното алкотестирање, било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

Според МВР, кај него биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.

Со закана барал пари од вработениот

Претходно во СВР Тетово, А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот, на своето работно место во угостителски објект, Х.Д. се обидел да изврши разбојништво.

Според пријавеното, осомничениот влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот да му ги даде парите.

Го удрил со кундакот по главата

Откако вработениот одбил и му рекол да излезе, меѓу нив настанала физичка пресметка.

Во тој момент, според пријавата, Х.Д. го удрил А.И. во пределот на главата со кундакот од пиштолот.

Побегнал, но брзо бил фатен

По нападот осомничениот побегнал од местото на настанот. Сепак, по преземени мерки и активности, полицијата брзо го пронашла и го привела.

Од МВР велат дека тој е задржан во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!