MKinformer

your daily dose of news

СРЕДБА ВО ЧЕТИРИ ОЧИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И КУРТИ

05/08/2024 10:24

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на косовскиот премиер Албин Курти.

Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, по што ќе следи билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.

Посетата на Курти се случува само неколку дека по инцидентот на претседателката Војса Османи на скопскиот аеродром.

Средбата, потврдена од Владата, е дел од однапред подготвената агенда фокусирана на клучни билатерални прашања, а една од главните теми се очекува да биде токму случајот со косовската претседателка Вјоса Османи.

Потоа, предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти во Медија центарот на Владата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!