INFOMAX: Вјоса Османи носела торба полна пари и расклопен пиштол?!
06/08/2024 11:52
Извори на Инфомакс од аеродромот во Скопје тврдат дека косовската претседателка на 1 август при транзитот во Македонија се обидела да пренесе торба полна со пари и расклопен пиштол кој ги вклучи алармите кај обезбедувањето на аеродромот ТАВ во Скопје.
Како што дознаваме при рутинска проверка соогласно протоколи и процедури на аеродромот била забележана торба полна со девизи, но и расклопено огнено оружје, пиштол што пак довело до ситуација во која вработените на аеродромот и полициското обезбедување одбијат да и дозволат транзит на косовската претседателка Вјоса Османи.
Како што пренесе СДК на косовската претседателка Вјоса Османи не ѝ е првпат да направи инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје како оној на 1 август, кога при патување со комерцијален лет одбила да го предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер пред влез во авионот, велат аеродромски извори кои се вклучени во безбедносните процедури во авиосообраќајот, но не се овластени да коментираат.
Слични инциденти имало и кога летала со комерцијални летови на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, но тогаш не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола, затоа што овие компании имаат свои претставници на аеродромот кои се грижат стриктно и без исклучок да се почитуваат законските процедури. Во една прилика, дури авион на „Туркиш ерлајнс“ на редовна линија за Истанбул доцнел час и пол, бидејќи обезбедувањeто на Вјоса Османи се карало со претавникот на авиокомпанијата кој не дозволил авионот да полета без контрола според меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај.
На 1 август, Османи летала со „Виз ер“ за Љубљана. Унгарската нискобуџетна компанија нема свој претставник на аеродромот, но обезбедувањето на операторот на скопскиот аеродром ТАВ инсистирало таа да го почитува законот и нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, па нејзините телохранители предизвикале инцидент.
Не постои ниту еден тип на имунитет кој може да оправда одбегнување на контролата на секој патник, вели поранешниот косовски претседател и претседател на Алијансата Ново Косово Беџет Пацоли. Како што вели Пецоли, тој разговарал со шефот на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт од Торонто, кој му потврдил дека Вјоса Османи никако не смеела да одбие проверка на багажот од страна на македонските граничари на Меѓународниот аеродром Скопје.
Пацоли во објава на Фејсбук објасни дека од разговорот со експертот дознал дека пилот на комерцијален лет може да одбие да го стартува авионот доколку дознае дека било кој од патниците не е проверен, без разлика за кого се работи.
Објавата на Пацоли во продолжение:
„Денеска бев на кратко патување во Италија со шефот на одделот за безбедност на патници на здружението ИАТА од Торонто. Падна збор за настанот во Скопје. Тој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои ниеден тип на имунитет, што може да го оправда одбегнувањето контрола на секој патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие контрола од службата за обезбедување, тогаш, меѓу другото, таа го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува дека авионот нема да полета“, рече Пацоли.
Натаму, Пацоли изјави дека не постои ниедна инстанца, која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, ако е информиран дека во авионот може да има патник, кој не бил контролиран.
„Ова се случи на аеродромот во Скопје, каде што пилотот одби да го започне патувањето со патници, кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа е предизвикано долго доцнење на полетувањето на авионот со многуте патници внатре.“ – напиша поранешниот претседател на Косово Беџет Пацоли на фејсбук, напаѓајќи ја сегашната претседателка Вјоса Оосмани дека немала никаков дипломатски имунитет да одбегнува безбедносна проверка на аеродромот во Скопје!
Целата сторија можете да ја прочитате овде




![Запленети 7.800 евра - македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата iljadi-evra[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/iljadi-evra1.jpg)

