MKinformer

your daily dose of news

МАКЕДОНСКИТЕ ЈУНИОРИ ВО КОШАРКА ГО ОСВОИЈА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

05/08/2024 8:45

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години триумфираше на Европското првенство Б дивизија кое се одржуваше во Скопје, вчера во финалето ја совладавме селекцијата на Австрија со 98-88.

Финалето беше дуел на двете непоразени репрезентации досега, но мечот не беше изедначен, Македонија постојано водеше, Австријците успеаа да се доближат во текот на третиот период, но брзо ја вративме убедливата предност.

Македонските момчиња го имаа мечот под комплетна контрола и на крајот дојдоа до сигурен триумф од десет поени разлика 98-88.

Натпреварот се играше во прекрасна атмосфера во „Борис Трајковски“, салата беше речиси целосно полна. За најголемиот дел од децата ова беше и игра пред најмногу гледачи досега.

Најдобар поединец беше Никола Јаничиќ кој постигна 30 поени, Стефан Стојковиќ реализираше 15, а Сергеј Младеновски 14. Кај Австрија, Нико Железник даде 21 поен, Суљановиќ имаше 19.

Покрај златните медали и победничкиот пехар, Македонија обезбеди и место во А дивизијата каде што се најдобрите кошаркарски репрезентации. Таму оди и Австрија како финалист.

error: Содржината е заштитена од копирање !!