На Олимписките игри во Париз денеска настапуваат двајца Македонци!
08/08/2024 10:03
На Олимписките игри во Париз денеска ќе настапат двајца од вкупн шест македонски натпреварувачи.
Се работи за Владимир Егоров кој ќе се појави во борење слободен стил категорија до 57 килограми. Борбата е со Аман Шерават од Индија од 11:30 часот.
Во таеквондо, категорија до 57 кг, нашата Милјана Релиќ ќе се соочи со олимписката шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.






