MKinformer

your daily dose of news

Помош за родителите: 8.000 денари за новороденче во Аеродром

29/01/2025 15:31

Општина Аеродром ќе доделува еднократна парична помош од 8.000 денари за секое новороденче што ќе се роди во оваа општина и годинава.

Семејствата кои сакаат да аплицираат треба да достават фотокопија од изводот од матичната книга на родените за бебето, а во случај на посвоено дете, потребно е да достават и фотокопија од решението за посвојување. Покрај тоа, треба да се приложи важечка лична карта или патна исправа од барателот, да се пополни образец за барање на еднократната помош и изјава за согласност за обработка на лични податоци, кои можат да се подигнат во Општина Аеродром или да се преземат од веб-страницата на Општината.

Барањето може да се поднесе во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а рокот за поднесување е до 31 март 2026 година. За новороденчињата родени во 2024 година, рокот за поднесување барање истекува на 31 март 2025 година.

Целта на оваа помош е да се олеснат финансиските трошоци на родителите за новороденчињата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!