MKinformer

your daily dose of news

Голем скандал во тенисот: Ник Кирјос позитивен на кокаин, суспендиран од сите натпреварувања

19/08/2026 12:19

Ник Кирјос позитивен на кокаин е привремено суспендиран од професионалниот тенис, потврди Меѓународната агенција за интегритет во тенисот – ITIA.

Триесет и едногодишниот Австралиец дал примерок на 22 јуни за време на АТП 250 турнирот во Мајорка.

Лабораторија акредитирана од Светската антидопинг агенција на 17 јули потврдила присуство на бензоилекгонин. Станува збор за метаболит на кокаинот.

Суспендиран од 4 август

Кокаинот е забранета супстанција за време на натпреварување според антидопинг правилата.

Поради позитивниот резултат, привремената суспензија на Кирјос стапила во сила на 4 август.

Тој има право на жалба, но досега не ја искористил таа можност.

Додека трае суспензијата, Кирјос не смее да настапува, да тренира други играчи или да присуствува на официјални тениски настани.

Кирјос: Направив огромна грешка

Австралиецот лично ја потврди информацијата преку социјалните мрежи.

Тој порача дека направил „огромна грешка“ и дека ја презема целосната одговорност.

Кирјос им се извини на своето семејство, навивачите и спонзорите. Посебно се извини и на младите кои го следат.

Во својата порака посочи и дека долгогодишните проблеми со повредите оставиле сериозни физички и психички последици.

Тешки години исполнети со повреди

Кирјос во последните години многу ретко настапуваше поради сериозни повреди.

Оваа сезона одиграл само четири меча во сингл, а неговиот последен настап бил на Вимблдон во конкуренција на двојки.

Некогашниот финалист на Вимблдон сега се соочува со уште една голема пречка во обидот да ја оживее кариерата.

Откако беше потврдено дека е Ник Кирјос позитивен на кокаин, Австралиецот најави дека ќе се повлече од јавноста и од социјалните мрежи во следните 28 дена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!