ТРАМП СО УКАЗ ГИ ВРАЌА ВОЈНИЦИТЕ КОЈ БИЛЕ ИЗБРКАНИ ЗАТОА ШТО ОДБИЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД 19
29/01/2025 11:32
Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба за враќање во служба на воените лица кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат од Ковид.
Во 2021 година, откако Пентагон ја направи вакцинацијата задолжителна, преку 8000 војници беа отпуштени затоа што не сакаа да се вакцинираат.
Во претседателскиот указ се нагласува дека „барањето за вакцинација било неправедно, прекумерно широко и сосема ненужно оптоварување“ за американските војници. За многу од нив требало да биде направен исклучок, но тоа не се случило и тие биле отпуштени, се додава во документот.
Указот ќе овозможи враќање на сите војници (активни и резервни), отпуштени само поради тоа што не сакале де се вакцинираат и кои побарале враќање на служба.
Според указот, војниците можат да го вратат своето поранешно звање и да добијат целосен паричен надомест, бенефиции, бонуси или компензации.
Војниците кои презентирале докази дека доброволно ја напуштиле службата наместо да се вакцинираат според мандатот, ќе можат да се вратат на служба без последици за нивниот службен статус, звање или плата.
Извор: axios.com





