Трамп разговарал со Путин за завршување на војната во Украина, најави состанок со Зеленски
09/02/2025 9:24
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за завршување на војната во Украина, пренесе Њујорк Пост.
Трамп истакна дека не би открил колку пати двајцата лидери разговарале, додавајќи дека „е подобро да не се каже“. Според неговите зборови, Путин изразил желба „луѓето да престанат да умираат“.
Кон крајот на јануари, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Путин е подготвен за разговор со Трамп, чекајќи сигнал од Вашингтон за спремност за телефонски контакт.
Трамп исто така најави дека би можел да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да дискутираат за начини за прекин на конфликтот.
Војната во Украина, која започна со руската инвазија во февруари 2022, ќе ја одбележи трета годишнина на 24 февруари. Многу жртви, најмногу Украинци, ги загубија животите во овој конфликат.
Трамп за Њујорк Пост изјави дека „секогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за прекинување на војната, но не ги откри деталите.
„Се надевам дека ќе се случи брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е ужасна. Сакам да ја прекинеме оваа проклетна работа“, рече Трамп.






