MKinformer

your daily dose of news

Општина Куманово објави повици за финансиска поддршка во социјалната и здравствената заштита

12/02/2025 10:25

Општина Куманово објави два нови јавни повици за финансиска поддршка за проекти во областа на социјалната и здравствена заштита.

Општина Куманово објави два јавни повици за финансиска поддршка за проекти од социјалната и здравствената заштита. Граѓанските организации од општината имаат можност да аплицираат за оваа финансиска поддршка, која ќе им овозможи реализирање на програми за намалување на социјалните ризици, превенција, обезбедување на социјална сигурност, подобрување на квалитетот на живот и зајакнување на капацитетите на општината.

Како дел од првиот повик, организациите можат да аплицираат за услуги како информирање и упатување, стручна помош и поддршка, советување, услуги во домот и заедницата, како и за вонсемејна заштита. Предност при доделување на финансиска поддршка ќе имаат здруженија кои се во фаза на развој или подготовка на социјални услуги што се дел од социјалниот план на општина Куманово за периодот 2023-2026. Финансиска поддршка ќе бидат доделени и на здруженија кои подготвуваат документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за лиценца во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), но не се стекнале со лиценца за работа на територијата на општина Куманово. За оваа програма одвоени се три милиони денари од општинскиот буџет.

Второто објавено повик е за спроведување на програми за превенција и промоција на здравјето во 2025 година. Оваа програма ќе поддржи кампањи за подигање на свеста за превенција на дијабетес, сексуално преносливи болести, за вакцинирање на деца, рутински здравствени прегледи, како и скрининг на заболувања. Поддршка ќе добијат здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствената заштита. За оваа програма се одвоени 100.000 денари.

Апликационите формулари за финансиска поддршка може да се подигнат по електронски пат преку веб-страницата на општината. Јавните повици ќе траат до 23 февруари 2025 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!