MKinformer

your daily dose of news

Проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ започнат во основните училишта

14/02/2025 9:43

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Проектот ќе се реализира до крајот на учебната година, и тоа за учениците од прво до четврто одделение во основни училишта низ целата држава.

Во наредните месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во соработка со РСБСП ќе посетат повеќе од 50 основни училишта во земјата. Преку практични предавања, децата ќе ги учат основните сообраќајни правила и прописи. Дополнително, во рамки на кампањата, веќе се подготвени и распоредени околу 7.000 сообраќајни буквари и боенки за децата.

Потребата за рана едукација ја поткрепуваат и полициските статистики. Во текот на вчерашните сообраќајни контроли низ патиштата во земјата беа евидентирани 186 сообраќајни прекршоци од страна на пешаци, што укажува на нивото на сообраќајната култура и одговорност. Сепак, и натаму најголем број прекршоци се однесуваат на непочитување на брзината на движење (224 прекршоци), непрописно паркирање (285 прекршоци), неносење сигурносен појас (43 прекршоци), и користење на мобилен телефон при возење (40 прекршоци), информира Министерството за внатрешни работи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!