MKinformer

your daily dose of news

ШТО И ДА СЛАВИТЕ ДЕНЕС, СВ.ТРИФУН ИЛИ СВ. ВАЛЕНТИН: ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО, ВОЗЕТЕ СО ЉУБОВ!

14/02/2025 13:47

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата испраќа апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.

Празниците се одличен момент за споделување на радост и спомени со блиските и саканите. Но, за тие да бидат полни со љубов, потребно е совесно и одговорно учество во сообраќајот.

Затоа, РСБСП советува:

Доколку пиете алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, користете јавен превоз. Возете со внимание и грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот -Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.

РСБСП испраќа порака:

Почитувајте го животот – животот е еден! Ако го прославувате Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорност.

Честит празник на љубовта и виното, возете одговорно!

error: Содржината е заштитена од копирање !!