Косовски државјанин е уапсен на Граничниот премин Долно Блаце поради обид за давање мито од 10 евра.
На 15 април 2025 година, околу 19:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б. (51) од Косово, под сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
При вршење на гранична контрола, лицето приложило документи за патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски ознаки, а во својата патна исправа ставил банкнота од 10 евра, со очигледна намера да поткупи полицаец.
Од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна кривична пријава.