MKinformer

your daily dose of news

За два дена казнети 1.507 возачи: Пребрзо возење, без дозвола и под дејство на алкохол

17/04/2025 13:36

Во текот на сообраќајните контроли спроведени на 15 и 16 април, Министерството за внатрешни работи изрече вкупно 1.507 казни за различни сообраќајни прекршоци низ целата држава.

Најмногу казни се однесуваат на:

  • Неправилно паркирање – 517 прекршоци

  • Непридржување до пропишаната брзина – 259 прекршоци

Дополнително се изречени:

  • 103 казни за неносење сигурносен појас

  • 55 казни за користење мобилен телефон при возење

  • 29 санкции за прекршоци направени од пешаци

  • 5 мерки за неносење заштитна кацига

  • 16 санкции за неправилно користење електрични тротинети

Загрижувачки се бројките и за поопасните прекршоци:

  • 144 лица управувале без возачка дозвола

  • 14 возеле под дејство на алкохол

  • 16 возачи поминале на црвено светло

Во рамки на контролите, од сообраќај биле исклучени и:

  • 29 технички неисправни возила

  • 30 возила со истечена регистрација

Сообраќајната дисциплина останува во фокусот на МВР, а контроли од ваков тип ќе продолжат со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!