MKinformer

your daily dose of news

АЛБАНИЈА РУШИ РЕКОРДИ: 2.45 МИЛИОНИ ТУРИСТИ ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА

24/05/2025 9:51

Бројот на туристи што ја посетуваат Албанија продолжува да расте, достигнувајќи 2,45 милиони во првите четири месеци од 2025 година.

Овие бројки ги сподели премиерот Еди Рама преку објава на Фејсбук, истакнувајќи дека само во април земјата ја посетиле 820 илјади странски туристи.

„Во текот на април, 820 илјади странски гости уживаа во Албанија, со што вкупниот број на туристи од јануари до април годинава достигна 2,45 милиони. Овој тренд е доказ дека Албанија сè повеќе го зацврстува своето место на туристичката карта на Европа и останува едно од најпријатните изненадувања меѓу европските дестинации и во 2025 година“, напиша Рама.

Во истата објава, тој потсети дека од јануари до април 2024 година, Албанија ја посетиле 2,33 милиони туристи, додека во истиот период во 2023 година бројката изнесувала 1,68 милиони.

Минатата година, земјата ја посетиле над 11,7 милиони странски туристи, што е зголемување од 15,2 проценти во споредба со 2023 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!