MKinformer

your daily dose of news

Талески повторно ќе биде дел од Вардар

26/05/2025 15:01

Филип Талески од наредната сезона повторно ќе биде дел од Вардар, потврдија од таборот на „црвено-црните“.

Талески така по две сезони ја напушти португалска Бенфика каде што добиваше ограничена минутажа. Се шпекулираше и дека може да го засили Охрид, но сепак се одлучи за враќање во поранешниот клуб.

„Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип!“, објави Вардар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!