Талески повторно ќе биде дел од Вардар
26/05/2025 15:01Талески така по две сезони ја напушти португалска Бенфика каде што добиваше ограничена минутажа. Се шпекулираше и дека може да го засили Охрид, но сепак се одлучи за враќање во поранешниот клуб.
„Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип!“, објави Вардар.






